Проф. Дичев: Бугарија ја уценува С. Македонија со аргументите на Путин со Украина

2 mins read

Не знам дали вреди да се влезе во историска дебата со автократот од Кремљ. Потсетете се дека киевска Русија е неколку века постара од московска Русија, земете ги предвид неуспешните обиди да се воспостави автономна украинска република по 1917 година, уништена од советска Русија. Историјата е одлично место, може да се најдат факти за поддршка на различни тези. Прашањето не е која е всушност историската вистина. Без разлика како и зошто настана, Украина денес е независна, меѓународно призната држава, пишува професорот по културна антропологија на универзитетот во Софија Ивајло Дичев во колумна за Дојче веле на бугарски јазик.

„По говорот на Путин, на Интернет се појавија мемиња во форма на историски мапи на Отоманската и на Римската империја, придружени со повици до земјите што се појавија на нивните територии, како Бугарија, веднаш да се откажат од својот суверенитет. Тогаш сè уште бевме расположени за шеги“, пишува професорот, кој забележува дека користењето на историјата за политички цели не е од вчера, но во последниве години, сепак, станува сè понаметливо.

Дичев вели дека постои очигледна сличност во аргументацијата на Бугарија во спорот со С. Македонија и на онаа која Путин ја користи кон Украина.

„Погледнете ја само нашата уцена кон Северна Македонија. Главните аргументи се всушност сосема слични на оние на Путин. Тоа беше држава измислена од Коминтерната, немаше идентитет, всушност таму зборуваа бугарски. Ако се појави под одредени историски околности, тогаш нема реалност – иако ние ја признавме како држава, исто како што Русија ја призна Украина, приближно во исто време. Фала богу што немаме сериозна војска да одиме да ја земеме како што веќе се обидовме“, пишува бугарскиот професор во колумната „Во Русија, но и во Бугарија: Историски комплекси, лаги и фантазии“,“ пишува Дичев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарија евакуира 200 луѓе од Одеса, меѓу кои и македонски и американски државјани

Следно

ФОТО | Пејачката Сенида со секси фотографија во када ги „збудале“ фановите: А како се капете вие?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian