Поддршка за Украина и од Холивуд: Дел од светските ѕвезди јасно кажааа што мислат за руската инвазија

3 mins read

Црвениот тепих и присуството на претставници од светски медиуми на синоќешното доделување на наградите САГ (Actors Guild Awards) некои холивудски ѕвезди го искористија за да изразат јавна поддршка на Украина.

И додека некои избраа да изразат поддршка со зборови, други пак носеа детали во боите на украинското знаме. Синоќа во Санта Моника се одржа 28-тото доделување на награди на Здружението на актери, попознати како САГ награди, кои по долго време повторно ги собраа некои од најголемите имиња во Холивуд.

А дека тие и покрај тоа што живеат илјадници милји од Украина и имаат милиони на своите банкарски сметки, се многу загрижени за тоа што се случува…

ГАЛЕРИЈА | Доделени САГ наградите: Најпрестижните холивудски имиња на едно место, еве ги победниците

Меѓу првите што ги искористи „своите 5 минути“ пред телевизиските камери за поддршка на Украина беше 35-годишната Лејди Гага. Таа пристигна на црвениот тепих во фустан на Армани.

лејди гага
Лејди Гага / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

„Почестена сум што сум овде. Ова е прекрасна вечер и сите ние ја славиме оваа уметност и едни со други, додека толку многу работи се случуваат во светот. Моето срце е во Украина. Мислам дека сите треба да бидат благодарни вечерва“, истакна Гага.

77-годишната холивудска легенда Мајкл Даглас оддаде почит на угнетуваната земја носејќи марамче во боите на Украина…

мајкл даглас
Мајкл Даглас / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

„Ако некогаш било потребно да се цени она што е вистинска демократија, тогаш тоа е сега. Толку сум горд на она што овие луѓе го направија во оваа земја“, истакна Даглас.

Од нападот на Русија врз Украина беше трогната и претседателката на наградите, популарната Фран Дрешер, која ги упати своите молитви кон украинскиот народ, а ѝ се придружи и 40-годишниот актер Лесли Одом Џуниор велејќи дека „Украина има посебно место во нивните срца“, како и дека „испраќаат мисли, молитви и надежи дека наскоро ќе завладее мир“.

Фран Дрешер
Фран Дрешер / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Добивајќи ја наградата за најдобра женска улога во филмот, 44-годишната Џесика Честејн посвети дел од својот говор на Украина и луѓето таму, исто како и нејзиниот колега Брајан Кокс, кој руската инвазија ја нарече „страшна“, додавајќи дека целата ситуацијата влијае и на уметниците во Русија.

„Она што навистина ме вознемирува е она што се случува во Русија со моите колеги актери и актерки, изведувачи и критичари. Под закана за велепредавство, им беше кажано да не прозборат ниту збор за Украина, и мислам дека тоа е прилично страшно“.

Џесика Честејн
Џесика Џестејн / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Актерот Ендру Гарфилд рече дека ова е тежок ден за славење, особено кога сите знаат што се случува во Украина.,

Ендру Гарфилд
Ендру Гарфилд / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарија може да ѝ предаде на Украина стари советски воени авиони

Следно

ИОК бара исклучување на руските и белоруските спортисти од сите натпреварувања

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian