Петровска: Не реков дека ако НАТО побара, ќе пратиме војници во Украина, туку на источната граница на Алијансата

1 min read

„Најостро ги демантирам насловите на дел од порталите кои објавуваат невистини поврзани со моето излагање на 24 вести. Јас одговорив на прашањето дали Северна Македонија ќе испрати војници во рамките на НАТО плановите за одбрана и одвраќање“, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на Фејсбук, откако беше пренесено дека таа за ТВ24 изјавила оти „доколку НАТО побара, ќе испратиме македонски војници во Украина“.

„Одговорот беше во насока на тоа дека ако биде побарано од нас, ќе испратиме воени сили во земјите членки на НАТО на источната граница на Алијансата. Но таква одлука не е донесена“, пишува Петровска.

Таа упати апел во оваа ситуација на воен конфликт во Украина, изјавите поврзани со состојбата во Украина „да се пренесуваат со точност, со цел да не се предизвика дополнително вознемирување на јавноста“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Аталанта не се откажува во ЛШ, ја почести Сампдорија со четири гола

Следно

Билет од дебитантскиот натпревар на Џордан во НБА лигата продаден за речиси 500.000 долари

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian