Костески: ќе играме на победа против Татабања

2 mins read

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе се обудат да дојдат до триумф во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на Европа со која би направиле голем исчекор кон освојувањето на второто место во групата Д.

На првиот натпревар кој се играше во Битола, Е. Пелистер славеше со убедливи 33:20, но крилото Ненад Костески очекува поинаков натпревар во Унгарија.

– За разлика од претходните сезони, оваа е доста поуспешна и на добар пат сме да бидеме уште подобри: На добар пат сме, се подготвуваме, ги анализираме следните противници и во добра серија сме. Ме радува тоа што одиме во нагорна линија и имаме шанси за првото место во групата. Сега тоа прво место ни е цел.

Зошто да не се обидеме, ако можеме да го обезбедиме. Се подготвуваме за Татабања, веќе ги анализираме и можам да кажам дека се работи за сериозна екипа, иако не обезбедија пласман во следната фаза на ЕХФ Лига Европа. Не смееме никако да ги потцениме, тие се екипа која трча и која има добри индивидуалци кои играат „еден на еден“. Ни останаа уште неколку дена да се подготвиме, но ве уверувам дека ќе играме на победа.

Имавме проблеми со коронавирусот, ростерот ни беше скратен и некои натпревари ги одигравме со помала ротација. Се чувствува замор, но ќе заборавиме на него, еве се враќаат неколку ракометари кои ни недостигаа на претходните натпревари и ќе имаме поголем ростер за ротација против Татабања – вели Костески.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО+ФОТО | „Овде сè е завеано“: Лила и Спасе заглавени во Маврово

Следно

Maja: Поради ненавремено дијагностицирање, мојот син почина од ретка болест

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian