ИОК бара исклучување на руските и белоруските спортисти од сите натпреварувања

2 mins read

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги повика спортските федерации да ги исклучат руските и белоруските спортисти од меѓународните натпреварувања.

„Олимпиското движење е обединето во својата мисија преку спортот да даде допринос за мирот и да го обедини светот во натпреварувањата надвор од политичките спорови. Олимписките игри, светските првенства и купови како и многу други спортски настани, ги обединуваат спортистите и земјите кои разни имаат спорови, а понекогаш и војуваат меѓу себе.

Во исто време, олимпиското движење и единствено во погледот на правичноста да не ги казнува спортистите за одлуките кои ги носеле политичарите во нивните земји. Нашите заложби сè за фер натпреварување за сите, без никаква дискриминација. Но, војната во Украина го стави олимиското движење во дилема. Додека спортистите од Русија и Белорусија можат да продолжат да настапуваат на спортски настани, спортистите од Украина се спречени во истото поради нападот на нивната земја.

Со цел да се заштити интегритетот на глобалните спортски натпреварувања и безбедноста на сите учесаници, Извршниот одбор на ИОК им препорачува на сите меѓународни спортски федерации и организатори на спортските настани да не ги повикуваат или да не дозволат учество на руски и белоруски спортисти на меѓународни натпреварувања“, стои во соопштението на ОИК.

ИОК исто така апелира во најбрз можен рок, меѓународните федерации или организатори на спортски настани, да направат се што е во нивна моќ, ниту еден спортист од Русија или Белорусија да не смее да настапува под името на овие две земји.

ИОК апелира, спортистите од Русија или Белорусија да бидат прифатени како неутрални спортисти или екипи и да не смеат да истакнуваат национални симболи, бои, застави или химни. ИОК одлучи да се повлече олимпискиот орден на сите лица кои моментно имаат функции во руската влада.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поддршка за Украина и од Холивуд: Дел од светските ѕвезди јасно кажааа што мислат за руската инвазија

Следно

„Слободен печат“: Украина ќе го „одблокира“ македонското Собрание?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian