Хрватски кардиолог: Една петтина од болните од ковид-19 имаат знаци на оштетување на срцето

4 mins read

Неодамна големо истражување на Министерството за воени ветерани во САД покажало дека лицата кои прележале ковид-19, а не биле вакцинирани, една година по прележување на болеста имаат драстично зголемен ризик за развој на кардиоваскуларни проблеми вклучувајќи развој на доживотни хронични болести како срцева инсуфициенција, како и исхемиска и неисхемиска кардиомиопатија.

За тоа како по прележаниот ковид-19 да се препознаат срцевите тегоби и што да направиме кога ќе почувствуваме интензивен замор, тежина во градниот кош или кога ќе забележиме отекување на нозете, за „Слободна Далмација“ објаснува доц. д-р Душка Главаш, кардиолог од Клиничката болница во Сплит.

Д-р Главаш вели дека од акутните компликации најчести се акутниот коронарен синдром, емболија на белодробната артерија со длабока венска тромбоза, аритмии со развој на мозочен удар, дисрегулација на артерискиот притисок, воспалителни болести на срцето (најчесто миокардитис и перикардитис), акутен аортен синдром, затајување на срцето, кое некогаш се презентира со ненадејна срцева смрт.

– Сме се соочувале и со пациенти кои имаат тромбоза на сите крвни садови, во исто време мозочен и срцев удар, како и тромбоза на артериите на нозете. Затајувањето на срцето може да биде последица на вирусен миокардитис, цитокинска бура или постоечка склоност. Високотоо метаболичко побарување при инфекција ги поттикнува срцевите компликации, додека цитокините (дел од воспалителната реакција) може да потенцираат шок и да ја променат циркулацијата и коронарните крвни садови со создавање на миктромбови. Честа е и хипоксијата, а таквите болни се особено склони кон смртен исход – предупредува д-р Главаш.

Пациентите со коморбидитети како што се дијабетес, хипертензија, болести на белите дробови, бубрезите, дебелина, хемато-онколошките болни и оние со веќе постоечки кардиоваскуларни болести почесто и потешко заболуваат.

Кај заразените лица може да преовладуваат знаци на инфекција, како и пречки со дишењето и притисок во градниот кош, што знае да наликува на срцев удар.

Во просек, една петтина од пациентите имаат знаци на оштетување на срцето кои обично се манифестираат со промени во ЕКГ и срцевите ензими. Кај починатите, срцето е зафатено во околу 40 отсто од случаите. Пациентите со кардиоваскуларни болести имаат четири пати поголем ризик од смрт. Кај хоспитализираните од коронавирус, најчестите акутни кардиолошки компликации се затајување на срцето (3 до 33 отсто), кардиоген шок (9 до 17 отсто), исхемија или инфаркт на миокардот (0,9-11 отсто), дисфункција на левата комора (10-41 отсто), дисфункција на десната комора (33-47 отсто), бивентрикуларна дисфункција (3-15 отсто) и аритмии“, објаснува докторката.

По прележување на ковид-19, болните често доаѓаат во амбулантите и на итен прием поради варирање на притисокот, пулсот, аритмија, заморување, притисок во градниот, со нарушено дишење. Може да се работи за минливи реакции, но важно е да се направи анализа и доколку е потребно, дополнително да се лекува. Кај наведените симптоми често е потребна дополнителна дијагностичка постапка.

Д-р Главаш толкува дека за долготрајното заморување при најмал напор по ковид-19, најчесто нема мерливи парамтери, а симптомите може да се појават веднаш по болеста, или по извесно време, со различно времетраење. Должината на тегобите може да биде и над една година. Слично е и со болките во зглобовите, мускулите, главата. Болните често дополнително се жалат на несоница, нарушување во помнењето, студ во нозете, проблеми со дигестивниот тракт, депресија.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Факултетите во март ќе ги презентираат своите програми пред скопските матуранти

Следно

Твоја партија повикува владата да организира хуманитарна помош за Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian