ГАЛЕРИЈА | Доделени САГ наградите: Најпрестижните холивудски имиња на едно место, еве ги победниците

5 mins read

Откако минатогодишната церемонија се одржа виртуелно, оваа година присутните на доделувањето на наградите на Здружението на филмски актери „САГ“ која е една од последните големи церемонии пред Оскарите, повторно блеснаа на црвен тепих.

Доделувањето на САГ наградите се одржа синоќа, а многу познати актери вчера имаа причини за славење. За разлика од другите награди, популарните „САГ“ награди се исклучиво за оценување на оние пред камерите, за кои гласаат оние кои се можеби најкомпетентни – самите актери.

Оваа година листата на номинирани ја сочинуваа најпрестижните холивудски имиња како Вил Смит и Лејди Гага, преку Никол Кидман и Бредли Купер, а единствената актерка за која со сигурност се знаеше дека ќе си замине дома со награда е легендарната Хелен Мирен која ја доби наградата за животно дело.

Најдобра изведба на актер во главна улога:

  • Вил Смит, „King Richard“ – победник
  • Ендрју Гарфилд, „Tick Tick Boom“
  • Бенедикт Камбербач, „The Power of the Dog“
  • Хавиер Бардем, „Being the Ricardos“
  • Дензел Вашингтон, „The Tragedy of MacBeth“

Најдобра изведба на актерка во главна улога:

  • Џесика Честејн, „The Eyes of Tammy Faye“ – победничка
  • Оливија Колман, „The Lost Daughter“
  • Никол Кидман, „Being the Ricardos“
  • Лејди Гага, „House of Gucci“
  • Џенифер Хадсон, „Respect“

Најдобра изведба на актер во споредна улога:

  • Бредли Купер, „Licorice Pizza“
  • Трој Котсур, „Coda“ – победник
  • Коди Смит-Мекфи, „The Power of the Dog“
  • Бен Афлек, „The Tender Bar“
  • Џаред Лето, „House of Gucci“

Најдобра изведба на актерка во споредна улога:

  • Аријана ДеБоз, „West Side Story“ – победничка
  • Кејт Бланшет, „Nightmare Alley“
  • Катрина Балфе, „Belfast“
  • Кирстен Данст, „The Power of the Dog“
  • Рут Нега, „Passing“

Најдобрата изведба на актерка во драмска серија:

  • Сара Снук, „Succession“
  • Џенифер Анистон, „The Morning Show“
  • Елизабет Мос, „The Handmaid’s Tale“
  • Рис Витерспун, „The Morning Show“
  • Јунг Хо-Јон, „Squid Game“ – победничка

Најдобра изведба на актер во драмска серија:

  • Киеран Калкин, „Succession“
  • Брајан Кокс, „Succession“
  • Били Крудуп, „The Morning Show“
  • Џереми Стронг, „Succession“
  • Ли Јунг-Џае, „Squid Game“ – победник

Најдобрата изведба на актерка во минисерија или ТВ филм:

  • Маргарет Квали, „Maid“
  • Џенифер Кулиџ, „The White Lotus“
  • Кејт Винслет, „Mare of Easttown“ – победничка
  • Синтија Ериво, „Genius: Aretha“
  • Џин Смарт, „Mare of Easttown“

Најдобра изведба на актер во минисерија или ТВ филм:

  • Јуан Мекгрегор, „Halston“
  • Еван Питерс, „Mare of Easttown“
  • Мареј Бартлет, „The White Lotus“
  • Оскар Исак, „Scenes From A Marriage“
  • Мајкл Китон, „Dopesick“ – победник

Најдобрата изведба на актерка во хумористична серија:

  • Хана Вадингам, „Ted Lasso“
  • Џин Смарт, „Hacks“ – победничка
  • Сандра О, „The Chair“
  • Ел Фенинг, „The Great“
  • Џуно Темпл, „Ted Lasso“

Најдобра изведба на актер во хумористична серија:

  • Џејсон Судеикис, „Ted Lasso“ – победник
  • Стив Мартин, „Only Murders in the Building“
  • Брет Голдштајн, „Ted Lasso“
  • Мартин Шорт, „Only Murders in the Building“
  • Мајкл Даглас, „The Kominsky Method“

Целата листа на добитници можете да ја видите овде.

МОМЕНТИ ОД ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НАГРАДИТЕ:

лејди гага
Лејди Гага / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
вил смит
Вил Смит и неговата сопруга Џејд Пинкет Смит / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
селма хајек
Селма Хајек / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
бредли купер
Бредли Купер / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
рис витерспун
Рис Витерспун / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
ендру гарфилд
Ендру Гарфилд / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
ел фанинг
Ел Фенинг / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
џеред лето
Џеред Лето / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
сандра о
Сандра О / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
мајкл даглас
Мајкл Даглас / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
оскар исак
Оскар Исак / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
никол кидман
Никол Кидман / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
кристен данст
Кристен Данст / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косово бара итно членство во НАТО и постојана американска воена база

Следно

Средба Џафери – Грегорчиќ: Сега е најпотребно ЕУ да го забрза процесот на проширување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian