ФОТО | Ревијата на модниот гигант „Армани“ помина во тишина: Без музика се оддаде почит кон Украина

2 mins read

На официјалните профили на модната куќа „Армани“ се обрати и дизајнерот Џорџо Армани лично, кој одлучи претставувањето на новата колекција да оди без музичка позадина.

Тој со овој потег сакаше да покаже солидарност кон тешката животна ситуација во која во моментов се наоѓа украинскиот народ.

Дизајнерот Џорџо Армани (87) во Милано ја претстави новата колекција за есен/зима 2022, а со цел да оддаде почит кон Украина, се одлучи да нема музика на неговата ревија.

Армани
. EPA-EFE/MOURAD BALTI TOUATI

„Господин Армани реши дека нема да има музика на претставувањето на ревијата како знак за почит кон трагедијата во Украина“ – се вели во официјалното соопштение.

Во интимно опкружување на театарот кој изгледа како кутија за накит, Армани повторно ја отвори ревијата со препознатлив стил. Дизајнерот ја опишал колекцијата како мека, изразена и флуидна, со издолжени силуети кои танцуваат во секој чекор.

Армани ревија
2022. EPA-EFE/MOURAD BALTI TOUATI

„Следи прецизност на точни конструкции и чувство на елеганција, создадени за одрекнување од вишокот. Репертоарот на елементи кои се фокусираат на личноста и ја надополнуваат во нејзиниот карактер, делуваат како портрет на уметник кој ја гледа реалноста низ филтер на својата фантазија – вели дизајнерот за новата колекција.

Под објавата, следеа и иронични коментари дека „Ова како ќе и помогне на Украина?, но и многумина изјавија дека конечно некој во модната индустрија прозборува на темата војна во Украина.

„Фала ти Џорџо од срце, модната индустрија може да направи многу“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петков предложи разрешување на министерот за одбрана Јанев

Следно

Бабиќ: Татабања заслужува максимален респект иако е последна на табелата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian