Евролигата пресече: Руските екипи суспендирани

1 min read

Руските екипи се суспендирани од Евролигата и Еврокупот, официјално соопшти Евролигата.
Извршниот одбор на Евролигата поради руската воена инвазија на Украина, донесе одлука да ги суспендира руските екипи ЦСКА Москва, Зенит и Уникс од Евролигата, како и Локомотив во Еврокупот.

Доколку ситуацијата во Украина не се смири во наредниот период, тогаш резултатите на руските екипи ќе бидат поништени.

„Евролигата и нејзините клубови се посветени на мирот и се противат на било какво насилство или војна и ќе продолжи да го користи својто глас за промовирање на респект и различностите“, соопшти Евролигата.

Претходно, Евролигата донесе одлука руските екипи да играат на неутрален терен, но по апелот на ИОК, одлучено е да се суспендираат екипите на ЦСКА Москва, Уникс и Зенит во Евролигата како и Локомотив од Еврокупот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Снуп Дог не бил протеран од Англија благодарение на кралицата

Следно

Димитров: Македонците требаше да му свртат грб на Путин уште кога ја нарече Украина „вештачка творба“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian