Ештон Кучер отворено ја поддржа Украина: Неговата сакана има украински корени

1 min read

Откако почна инвазијата на Русија врз Украина, бројни холивудски ѕвезди јавно ја поддржаа Украина, а актерот Шон Пен дури и замина во Киев за да снима документарец. Актерскиот пар Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс испратија голем апел за донација и самите ја поддржаа земјата, а неодамна се огласи и Ештон Кучер, чија сопруга Мила Кунис е Украинка.

Тој сподели јасно и гласно на својот твитер профил дека ја поддржува Украина и доби поддршка од своите следбеници.

Мила Кунис е родена во украинскиот град Чернивци, а родното место го напуштила како седумгодишно девојче, кога нејзините родители решиле да емигрираат за САД.

„Моите родители имаа пристојна работа и плата. Ние имавме среќа. Не бевме сиромашни додека живеевме во поранешната Советска Република, додека многумина околу нас беа сиромашни и несреќни. Стигнавме во Њујорк една среда, и веќе во петокот јас и брат ми Мајкл бевме запишани во училиште во Лос Анџелес. Не знаев ни збор англиски“ – изјави во едно интервју актерката.

Во една прилика, Мила сподели фотографии од неа и Ештон на патувањето во Украина, каде тие се сретнаа со претседателот Зеленски и неговата сопруга.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пронајдена и приведена жена која ограбила обложувалница

Следно

Арсовски: ЕУ ќе мора да биде порешителна со проширувањето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian