На 27.02.2022 во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(52) од Скопје и патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(40) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Т., а со телесни повреди се здобиле А.И. и уште двајца малолетни сопатници од истото возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.