Бугарија може да ѝ предаде на Украина стари советски воени авиони

1 min read

Сите или дел од борбените авиони на бугарските ВВС, што се од советско производство, би можеле да бидат префрлени во Украина за да се обидат украинските сили да ја вратат контролата над нејзиниот воздушен простор, објави софиски Дневник.

Иницијативата опфаќа и други источноевропски земји што се уште имаат слични борбени авиони.

Идејата е брзо да се собере се што е достапно во Полска, каде што ќе можат да користат украински воени пилоти кои ја знаат таа техника, јави дописникот на МИА.

Ескадроните ќе оперираат од полските воени аеродроми лоцирани на територијата на НАТО и затоа Русија тешко би можела да ги нападне, бидејќи тоа би значело војна со НАТО, наведува весникот.

Веројатниот формат ќе биде бугарските авиони да се купат со специјалните средства што ЕУ ги објави синоќа, тврди изданието, повикувајќи се на аналитичари и безбедносни специјалисти на Твитер.

Бугарските власти вчера донесоа одлука за воено-логистичка поддршка на Украина.

ВО ЖИВО | Продолжува конфликтот меѓу Русија и Украина, вести од минута во минута

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Четири лица ограбиле обложувалница во Бутел

Следно

Поддршка за Украина и од Холивуд: Дел од светските ѕвезди јасно кажааа што мислат за руската инвазија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian