Неискористена влезница за дебитантскиот настап на Мајкл Џордан во НБА Лигата е продадена на аукција за дури 468.000 долари.
Мајкл Кол пред 38 години купил две влезници по цена од 8.5 долари за една, но не можел да најде некој да оди со него на натпреварот кој е одигран на 26 октомври 1984 година, па едниот билет останал неискористен.

– Неверојатно сум среќен поради исходот и на некој начин ми олесна што заврши аукцијата – изјави Кол за венискот „Чикаго сан тајмс“.