Бабиќ: Татабања заслужува максимален респект иако е последна на табелата

2 mins read

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги продолжуваат настапите во Лигата на Европа и во деветтото коло му гостуваат на унгарскиот Татабања. Пелистерци во претпоследното коло од групната фаза против последнопласираниот тим во групата ќе се обидат да дојдат до нови бодови кои ќе им го донесат второто место.

Тренерот Жељко Бабиќ предупредува дека иако е последна на табелата, Татабања е незгоден ривал и заслужува респект.

– Како што кажавме и претходно моите ракометари покажаа карактер, одлична тимска игра, силна дефанзива и ментална цврстина. Одигравме перфектен натпревар против Кадетен Шафхаузен и ги покажавме нашите и индивидуални и тимски вредности.

Ништо не е готово, уште сè е отворено. Имаме уште две кола, а математички уште не го обезбедивме ни осминафиналето. Така да мораме да останеме фокусирани, ментално цврсти, да размислуваме секој за своите задачи и да го потврдиме тоа што нè краси, тимската игра. Имав искуства и претходно и за жал губевме натпревари кога споредувавме што било претходно. Ова е нов натпревар.

Во Битола бевме во налет, во позитивна серија и одигравме многу добро. Сега имаме доста проблеми и никој не смее да размислува во тој правец дека тоа ќе биде ист натпревар. Татабања е одличен и подвижен тим. Имаат технички добри ракометари кои играат „еден на еден“, а имаат и одличен тренер. Точно е дека немаат шанси за осминафинале, но имаа проблеми во клубот и затоа се малку подолу на табелата. Сепак, заслужуваат респект и ни следи баш европски натпревар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Ревијата на модниот гигант „Армани“ помина во тишина: Без музика се оддаде почит кон Украина

Следно

Села: Отворен Балкан ризикува да стане тројански коњ на Путин на Западен Балкан

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian