Правењето хартиени бротчиња, авиончиња и капи од стар весник е активност која е дел од сечие детство. Илина, преслатката ќеркичка на пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски, веќе оди во градинка каде преку такви домашни задачи им ја развиваат креативноста на децата.
За среќа, сѐ уште постојат печатени медиуми како „Слободен печат“, па малечката Илина ја откри и забавната страна на весниците. Секако, како што може да се види на видеата коишто ги објави Сара на Инстаграм, на Илина ѝ помагаше и тато Димитар.
Мора да признаете дека бротчињата и авиончињата се одлично изработени. Илина, браво!