ВИДЕО | Скандал на наградите Цезар: Француска комедијантка го покажа задникот пред жири-комисијата

1 min read

Во петокот се одржа 47. доделување на француските национални филмски награди, Цезар. Вообичаено, оваа престижна манифестација поминува без скандали, но оваа година добитниците на филмските награди останаа „во сенка“.

Имено, француската комедијантка Мари Бенолиел се качила на сцената и го подигнала раскошниот фустан, покажувајќи го задникот пред жири-комисијата.

„Еве го мојот задник, данок на културата, непоразени гледачи, вие кои преживеавте, ви го покажувам мојот задник“, изјавила Бенолиел.

Според многумина, оваа постапка е најсрамниот момент во историјата на наградите Цезар. По бројните критики, Мари се огласила на Инстаграм каде напишала дека е горда што е „катарза на францускиот срам“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Генчовска: Педесет Бугари се блокирани во Москва

Следно

Алиоски за Биелса: Засекогаш ќе ти бидам благодарен, беше чест да учам од тебе!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian