ВИДЕО: Севиља го доби градското дерби против Реал Бетис

1 min read

Севиља денеска триумфираше против Реал Бетис во градското дерби, во рамките од 26. коло во „Ла Лига“, со резултат 2:1.

Домаќинот на полувремето водеше со 2:1, со головите кои ги постигнаа Ракитиќ во 24., односно Ел Хадади во 41. минута.

Во второто полувреме, гостите успеаја да ја намалат негативата со голот на Каналес во четвртата минута од судиското надополнување, но тоа не беше доволно да извлечат бод.

Моментно Севиља е второпласирана на табелата со 54, шест помалку од водечкиот Реал Мадрид, додека Реал Бетис е третопласиран со 46 бодови.

Во следното коло Севиља на 4 март ќе му гостува на Алавес, а два дена подоцна Реал Бетис ќе му биде домаќин на Атлетико Мадрид.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Јованов, Мекиќ и Гаџа на кафе: Дали треба да очекуваме нова музика?

Следно

Почина поранешната грчка министерка Мариета Јанаку

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian