ВИДЕО: СДСМ го обвини градоначалникот на Гази Баба Стефковски дека работел незаконски

1 min read

Социјалдемократскиот сојуз денеска го обвини градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, дека работел незаконски.

Повикувајќи се на документи и докази објавени од „свиркачи“, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, рече дека спротивно на законот, градоначалникот на општина Гази Баба, го назначил Добри Петров, лице без лиценца за ревизор и без положен испит.

„Станува збор за Добри Петров, назначен за вд директор на Јавното комунално претпријатие Гази Баба. Листата на овластени ревизори е лесно достапна на веб страната на Институтот за овластени ревизори, и јасно е дека Добри Петров нема положен испит за внатрешен ревизор и нема лиценца. Со ова прекршен е Член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола. Но, не и последено. Неовластеното лице кое било незаконски избрано за ревизор, бил исто така незаконски задолжен да изврши ревизија на работата на детската градинка „Детска Радост“, рече Кузеска.

Таа вели дека со оглед на тоа што документот го правело неовластено лице, по налог на градоначалникот, злоупотребена е службената положба и овластување.

„Понатаму, лицето кое без лиценца ја вршело ревизијата, ревизорскиот извештај, наместо согласно Законот да го достави прво кај директорката на градинката го доставил кај градоначалникот. Врз основа на овој незаконски Извештај директорката на градинката е разрешена. Очигледно целта на целата оваа незаконска операција била заради разрешување на директорката на градинката „Детска Радост““, додаде портпаролката на СДСМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина Мирослав Наумовски – Лав, основач на првиот спортски неделник „СКОК“

Следно

Приведена кумановчанка осомничена за запуштање и малтретирање на дете во Старата Скопска Чаршија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian