ВИДЕО | „Повторно немате свој став за Украина“: Зоки Фаци ги искритикува јавните личности во Македонија

1 min read

Естрадниот новинар Зоран Василевски, попознат на јавноста како Зоки Фаци, ја искажа својата поддршка до украинскиот народ откако пред три дена руските трупи ја нападнаа Украина.

„Да бидам искрен, Путин ми беше симпатичен како политичар, но по ова што го направи со Украина ми стана одвратен. Не е нормално да има војна во 21 век“, вели Зоки во видеото коешто го објави на Инстаграм.

Како и секогаш, Зоки е без „влакна на јазикот“ и овојпат ги искритикува јавните личности во Македонија кои сѐ уште се прилично тивки на оваа тема.

„Тоа што го забележав е дека сите светски ѕвезди му дадоа поддршка на претседателот на Украина, а нашиве никаде ги нема. Како и секогаш, тие немаат свој став“, ги искритикува тој.

Повеќе текстови на темата:

ФОТО | Продуцентите од „Симпсонови“ објавија цртеж: „Важно е да се одбрани слободата“

ФОТО | Бескрајната сила на империјализмот: Актерката Мила Јововиќ се огласи за нападот на Украина

Дела, а не зборови: Славниот актерски пар со милионска донација за Украина

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведен криминалец-бегалец од затвор, пронајдена и дрога

Следно

Почина Мирослав Наумовски – Лав, основач на првиот спортски неделник „СКОК“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian