Денеска во рамките од 27 коло во најсилното италијанско првенство составот на Наполи со резултат 1:2 славеше во дербито против Лацио.
Важна победа за играчите на Лучано Спалето во трката за Скудетото, моментно се наоѓаат на првото место на табелата со 57 бодови, колку што има и Милан, а третопласиран е Интер со 55 и еден меч помалку.
На стадионот „Олимпико“ во Рим немаше голови после првото полувреме, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи во вториот дел, поточно од 57 минута како замена за Зиелински.
Само пет минути од влегувањето нашиот играч асистираше до Инсиње за водство на „наполитанците“ од 0:1.
Insigne 🚀😱🔥
— FB Fans (@UCLFans4) February 27, 2022
Во 69 минута Инсиње реализираше уште еден погодок, но истиот беше поништен поради офсајд по прегледаната ВАР снимка.
Домаќините успеаја да израмнат преку Педро во 88 минута, а во самиот финиш од средбата (90+4`) Руиз со еден прекрасен гол го постав конечниот епилог.
Во следното коло Наполи на 6 март на домашен терен ќе има уште еден голем натпревар, дуелот против Милан. Се одиграа уште три меча: Торино – Каљари 1:2, Верона – Венеција 3:1 и Специја – Рома 0:1.