ВИДЕО: „Милионерите“ го губат чекорот со Баерн Минхен

1 min read

Фудбалерите на Борусија Дортмунд ремизираа 1:1 со Аугсбург на гости во 24. коло од германската Бундеслига, додека Лајпциг минимално со 1:0 го совлада Бохум.

Борусија поведе со голот на Торган Азар во 35. минута, а конечниот резултат го постави Саренрен-Базе во 78. минута.

„Милионерите“ направија уште еден чекор назад во борбата за титулата, бидејќи сега заостануваат осум бода зад водечкиот Баерн од Минхен.

Да потсетиме, Борусија веќе подолго време игра без најдобриот играч и стрелец на тимот, Ерлинг Холан, кој е повреден. Норвежанецот оваа година во Бундеслигата постигна 16 гола и пет асистенции, а неговото отсуство дефинитивно се чувствува.

Од друга страна, Лајпциг со голот на Нкунку против Бохум стигна до важна победа во трката за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите. Лајпциг остана четврти на табелата со 40 бодови, исто колку и Фрајбург и Хофенхајм кои се на петтата, односно шестата позиција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Сергеј за дизајнерката Ивана Кнез: Има добри модни парчиња, но и утки

Следно

Ковачевски од Лондон: Македонската дијаспора е силен промотор на Северна Македонија во Обединетото Кралство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian