ВИДЕО | Глетка која го расплака светот: Украинка ја гушка жената која ѝ ги пренела децата преку граница

2 mins read

Украинката Наталија Аблејева (58) во саботата ја преминала украинско-унгарската граница, а со себе носела две деца на сосема непозната жена. Сѐ што знаела за неа бил нејзиниот телефонски број, пишува „Reuters“.

Имено, пред да ја премине границата, Наталија се запознала со 38-годишен маж кој со себе ги носел своите малолетни син и ќерка и очајно барал помош. Граничарите не му дозволиле да ја премине границата поради општата мобилизација во државата – на мажите во Украина, на возраст од 18 до 60 години, им е забрането да заминат.

„Нивниот татко само ми ги предаде двете деца и ми веруваше. Ми ги даде нивните пасоши за да ги донесам тука“, раскажува Аблејева.

Таткото на децата ѝ кажал на Наталија дека нивната мајка, исто така Украинка, веќе патува од Италија за да се сретне со нив и да ги однесе на сигурно. Тој ѝ го дал нејзиниот телефонски број и се поздравил со децата.

Наталија, која морала да ги остави своите возрасни деца на кои не им било дозволено да ја напуштат Украина, одлучила да му помогне на очајниот маж.

Кога пристигнале во Унгарија, Наталија и двете малолетни деца чекале кај шаторот за бегалци кој бил поставен во близина на границата. Наскоро пристигнала и 33-годишната Ана Семјук и веднаш ѝ се заблагодарила на жената која ѝ ги спасила децата. Двете жени се прегрнале и плачеле неколку минути.

„Сѐ што можам да им кажам на моите деца е дека сѐ ќе биде во ред. За една или за две недели, ние ќе бидеме дома“, изјавила Семјук за „Reuters“.

Повеќе текстови на темата:

ФОТО | Продуцентите од „Симпсонови“ објавија цртеж: „Важно е да се одбрани слободата“

ФОТО | Бескрајната сила на империјализмот: Актерката Мила Јововиќ се огласи за нападот на Украина

Дела, а не зборови: Славниот актерски пар со милионска донација за Украина

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведена кумановчанка осомничена за запуштање и малтретирање на дете во Старата Скопска Чаршија

Следно

Официјално: Биелса не е повеќе менаџер на Лидс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian