Снегот ги блокираше движењето на камионите преку превојот Стража

1 min read

Поради интензивни врнежи од снег попладнево е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража.

Забраната, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, е воведена од 18:40 часот.

Се уште активна е и забраната за тешки товарни возила и на патниот правец Крива Паланка кон граничниот премин Деве Баир, како и на патниот правец крак Маврово-Дебар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алиоски за Биелса: Засекогаш ќе ти бидам благодарен, беше чест да учам од тебе!

Следно

Ердоган пресече: Турција ќе го ограничи транзитот на руската морнарица низ Босфорот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian