Шон Пен: Ако дозволиме Украина да се бори сама, душата на Америка е изгубена

1 min read

Актерот и режисер Шон Пен моментално престојува во Украина каде снима документарец за војната којашто се случува таму. Оскаровецот смета дека оваа војна е „брутална грешка“, објави „People“.

„Тоа е брутална грешка на одземени животи и скршени срца. Ако не попушти, верувам дека г. Путин ќе ја направи најголемата грешка во историјата на човештвото“, вели Пен за „People“.

„Претседателот Зеленски и украинскиот народ се издигнаа како историски симболи на храброст и принципи. Ако дозволиме Украина да се бори сама, душата на Америка е изгубена“, додава актерот.

Шон Пен пристигна во Украина во четвртокот, а таа информација ја потврдија и од Кабинетот на претседателот Владимир Зеленски.

„Американскиот актер и режисер Шон Пен, којшто е добитник на наградата Оскар, пристигна во Украина. Режисерот пристигна во Киев за да ги снима актуелните настани и за да му ја раскаже вистината на светот, за руската инвазија на нашата земја. Пен е меѓу оние коишто денес ја поддржуваат Украина. Нашата земја му е благодарна за неговата храброст и чесност“, се вели во соопштението.

Повеќе текстови на темата:

Дела, а не зборови: Славниот актерски пар со милионска донација за Украина

ВИДЕО | Глетка која го расплака светот: Украинка ја гушка жената која ѝ ги пренела децата преку граница

ФОТО | „Подалеку од нас“: Верка Сердучка ѝ покажа среден прст на Русија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петровиќ е новиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром

Следно

Русија остана сама, и Чесите не сакаат да играат во мундијалскиот бараж

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian