Прва лига: Шкупи на „плус 10“, мируваа мрежите на Шкендија и Академија Пандев

1 min read

Денеска се одиграа четири од планираните пет натпревари во рамките од 21 коло во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ).

Дуелот Пелистер – Ренова е одложен поради снежните услови на теренот во Битола. Истиот ќе се одигра в понеделник (28 февруари) на стадионот СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид со почеток од 14.00 часот.

На дербито во Тетово немаше голови, Шкендија ремизираше со Академија Пандев, а тоа го искористи Шкупи за зголемување на предноста на врвот.

Клубот од Чаир триумфираше на домашен терен со 3:2 против Тиквеш, по првиот дел Шкупи водеше со голот на Бразилецот Куевен во 41 минута.

Во 57 минута Адетунџи беше прецизен од пенал за 2:0, намали тимот од Кавадарци преку Стојков (77`), за 3:1 се погрижи Адетунџи со неговиот втор погодок, а гостите само го ублажија поразот во 88 минута кога стрелаше Нгоба.

Струга Трим Лум минимално го совлада Борец (0:1) со голот на Шабани во 50 минута од средбата во Велес.

Со истиот резултат Работнички го совлада Скопје, за „романтичарите“ единствениот погодок го реализираше Рушевиќ непосредно пред паузата (45+1`).

Прва лига, 21 коло

Сабота
Македонија ЃП – Брегалница Штип 2:1

Недела
Шкупи – Тиквеш 3:2
Шкендија – Академија Пандев 0:0
Борец – Струга Трим Лум 0:1
Скопје – Работнички 0:1

Понеделник
14.00 часот Пелистер – Ренова

Табела: Шкупи 51 бод, Шкендија 41, Академија Пандев 39, Македонија ЃП 36, Ренова 30, Брегалница Штип 30, Струга Трим Лум 30, Работнички 28, Скопје 21, Тиквеш 18, Борец 13, Пелистер 5.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Танц со Зеленски: Еве како танцуваше украинскиот претседател во 2006 година

Следно

Генчовска: Педесет Бугари се блокирани во Москва

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian