Приведен криминалец-бегалец од затвор, пронајдена и дрога

1 min read

Полициски службеници синоќа привеле скопјанец, кој се барал за бегство од Казнено поправна установа, а бил осуден на шест години и девет месеци затворска казна, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа во 22:50 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода, го лишиле од слобода Е.П.(33) од Скопје кој се барал за бегство од Казнено поправна установа, а бил осуден на шест години и девет месеци затворска казна, по што веднаш бил спроведен во КПУ Идризово. Кај Е.П. била пронајдена и прашкаста материја, посочуваат од МВР.

skopjeinfo.mk

Претходно

И по два дена, уште нема трага од десетгодишниот Петар, кој исчезна во Мариово

Следно

ВИДЕО | „Повторно немате свој став за Украина“: Зоки Фаци ги искритикува јавните личности во Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian