Петровиќ е новиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром

1 min read

Еден од најпрепознатливите тренери поврзани со МЗТ Скопје Аеродром во првата деценија од 21 век, Александар Петровиќ, се враќа на клупата на овој клуб, откако од денеска и официјално е нов предводник на плаво-белата чета.

Тој доаѓа на местото на Дарко Радуловиќ, со кого беше прекината соработката по неуспехот во финалето од Купот на Македонија пред една недела.

За Петровиќ ова ќе биде трето преземање на аеродромоската екипа, со оглед што претходно седеше на клупата на актуелниот шампион во периодот помеѓу 2001 и 2007, односно 2009 и 2011 година.

Има работено уште и во Пелистер, Карпош Соколи и Куманово, а во „Јане Сандански“ се враќа од местото шеф на стручниот штаб на Академија ФМП, каде што работеше изминативе две сезони.

Петровиќ е и поранешен селектор на јуниорската репрезентација на Македонија и секако еден од тие кои беа со МЗТ Скопје во најтешкиот период на клубот, а без кои немаше да следува ниту деценијата со осум освоени титули (една сезона немаше шампион).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | „Подалеку од нас“: Верка Сердучка ѝ покажа среден прст на Русија

Следно

Шон Пен: Ако дозволиме Украина да се бори сама, душата на Америка е изгубена

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian