Ова е најдобриот пијалак за намалување на шеќерот во крвта

2 mins read

Ако имате дијабетес или преддијабетес, контролата на шеќерот во крвта е најважната задача. Ако не го правите тоа правилно, постои можност да развиете болести на бубрезите, срцето или губење на видот, кои често ја придружуваат оваа состојба.

За среќа, можете да го контролирате шеќерот во крвта со лекови, физичка активност и јадење вистинска храна. Важно е и да се напомене дека не постои пијалaк или храна кои сами ќе помогнат да се контролира шеќерот, тоа е всушност целокупен начин на исхрана, каде што ќе се избегнуваат одредени намирници, а некои ќе се користат во поголеми количини.

Нутриционистката Ејми Гудсон вели дека некои пијалаци сепак можат да помогнат во контролата на гликозата во крвта, а станува збор за обичното кравјо млеко. Вистина е дека многумина пијат многу засладени пијалаци, без разлика дали се газирани или не, кафе или готови овошни сокови кои се полни со шеќер, вели Гудсон и додава дека е важно, доколку го контролирате шеќерот во крвта, да се консумираат пијалаци кои се комбинација на јаглехидрати и протеини и ова се смета за суштински начин за одржување на здрави нивоа на шеќер во крвта.

Протеините ќе го забават варењето и брзо ќе ве заситат, а и ќе останете сити подолго. Нивото на шеќер нема да се промени. Иако водата е одличен пијалак за здравје, нема да влијае на контролата на шеќерот во крвта.

Комбинацијата на протеини и јаглехидрати е она што го прави кравјото млеко одличен пијалак за сите кои страдаат од дијабетес или се плашат да не заболат од него. Резултатите од студијата објавена во списанието „Дијабетес метаболизам“ откриваат дека пиењето млеко не само што ќе помогне да се контролира шеќерот во крвта, туку и ќе ја подобри отпорноста на инсулин.

„Со 12 грама јаглехидрати или 8 грама квалитетни протеини во мала порција млеко ќе ви помогне да го контролирате гладот и да немате желба за нездрава храна, која ќе ја наруши рамнотежата на организмот. Исто така, содржи 13 есенцијални хранливи материи вклучувајќи калциум, витамин Д и Б и селен. Така што, со контролата на шеќерот во крвта, во организмот ќе внесете бројни здрави хранливи материи“, заклучува нутриционистката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косово ги забрани руските телевизии

Следно

Pray for Ukraine

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian