Лидс јунајтед денеска ја информираше јавноста дека клубот се раздели со досегашниот менаџер Марсело Биелса (66).
Аргентинскиот стратег беше на клупата на оваа екипа повеќе од три и пол години, последниот меч го имаше во саботата кога неговите играчи загубија убедливо на домашен терен од Тотенхем со 0:4.
Оваа сезона Лидс нема најдобри резултати во Премиер лигата, главната цел е опстанок, а од „Еланд роуд“ најавија дека в понеделник ќе биде познат новиот менаџер на клубот.
На последните три меча играчите на Лидс примија дури 14 голови, после четири порази во низа се наоѓаат на 16 позиција со 23 бодови, само два помалку од зоната за испаѓање каде на 18 место моментно е Барнли со 21.
Leeds United can confirm the club have parted company with head coach Marcelo Bielsa
— Leeds United (@LUFC) February 27, 2022
Биелса дојде на клупата на Лидс во јуни 2018 година, лани во Премиер лигата го освои импресивното деветто место, а сезонава (2021/2022) не е ни блиску до таков учинок, клубот има само пет лигашки победи.
Лани успеа да го врати клубот во Премиер лигата за првпат по 16 години, а во овој успех придонесе и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски кој сезонава ги брани боите на Ал Ахли од Саудиска Арабија.