Меѓународната џудо федерација го суспендираше Путин

1 min read

Претседателот на Русија, Владимир Путин повеќе нема да биде почесен претседател на Меѓународната џудо федерација. Причината за донесување на оваа одлука е руската инвазија на Украина, која започна пред неколку дена.

Во денешното официјално соопштение се вели дека поради тековниот воен конфликт во Украина, федерацијата ја објавува суспензијата на статусот на Путин како почесен претседател и амбасадор на Меѓународната џудо федерација.

Путин (69) е голем љубител на оваа боречка вештина и тренира џудо од својата 11 година, а на 14 години се префрли на самбо.

Како млад џудист, тој беше многу успешен и освојуваше натпреварувања во родниот Санкт Петербург. Во 2012 година, Путин доби црн појас, осми дан, во џудо и стана првиот Русин што го достигна овој престижен статус.

Путин исто така беше еден од коавторите на две книги за овој спорт – „Џудо со Владимир Путин“ и „Џудо: Историја, теорија, пракса“ од 2004 година.

Американскиот правен новинар Бенџамин Витс, кој поседува црн појас во теквондо, еднаш ги оспори џудо вештините на Путин и го нарече „џудо-измамник“, но рускиот претседател отсекогаш бил вклучен во Меѓународната џудо федерација.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дела, а не зборови: Славниот актерски пар со милионска донација за Украина

Следно

И по два дена, уште нема трага од десетгодишниот Петар, кој исчезна во Мариово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian