Македонските кикбоксери со 21 медал на „Гранд при“ во Босна и Херцеговина

1 min read

Македонската кикбокс репрезентација учествуваше во Сараево (Босна и Херцеговина) на ВАКО турнирот во арената на Хотел Хилс Илиџа.

На овој турнир покрај нашата земја, настапија уште 12 земји или вкупно 726 натпреварувачи.

Македонија успеа да освои вкупно 21 медал од кои 10 златни, четири сребрени и седум бронзени.

На врвот се најде домаќинот, Босанците се закитија со 81 златен медал, Србија со 27, Црна Гора има 11…

Златни медали за Македонија освоија Драган Петров, Ања Стојанова, Александар Делиовски, Роберт Костовски, Славче Арсов, Славе Делиовски, Сара Станојковска, Марија Јанева, Викторија Варадинова и Марко Тодоров.

Сите пласмани на нашите кикбоксери на „Гранд При БиХ“ можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Брза пита без кори, одлична идеја за појадок или вечера

Следно

Грција ќе испрати воена помош за Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian