Италијанска убавина: Била прогласена за најубава жена на светот, а градите ги осигурила за 300 000 евра

2 mins read

Кога се појавило името Орнела Мути во најавата за филмот „Flash Gordon“ во 1980 година, сите го запаметиле – од Лос Анџелес, па сѐ до Токио.

Родена во 1955 година како Франческа Романа Ривели, Орнела Мути потекнува од сиромашно италијанско семејство, а татко ѝ починал додека таа била дете. Таа уште на 13-годишна возраст започнала со тајни снимања како модел, со што ѝ помагала на мајка ѝ да го издржува семејството.

Сепак, нејзината вистинска кариера започнала во нејзините средни дваесетти години кога таа доживеала голема популарност надвор од Италија. Покрај „Flash Gordon“, таа се појавила во уште неколку меѓународно познати филмови. Еден од најважните филмови во нејзината актерска кариера е филмот „Oscar“, во кој ја глуми сопругата на ликот на Силвестер Сталоне.

Може да се каже дека филмското партнерство со Адријано Чeлентано ѝ донело најголема популарност во Италија. Обожавателите на филмот „Il bisbetico domato“ долго време се прашувале дали имало романтична врска меѓу Чeлентано и Мути зад камерите. По некое време, самата актерка ја признала аферата. Кусо по излегувањето на филмот, Орнела се развела од својот втор сопруг. Сепак, Адријано не ја оставил својата сопруга заради неа.

Орнела Мути
Орнела Мути во 1997 година / Фото: EPA/VLADIMIR MASHATIN

Според магазинот „Class“, Орнела Мути била прогласена за најубава жена на светот во 1994 година. Тоа што е интересно е дека само две години подоцна, таа станала баба на својот прв внук. Свесна за својата убавина, Мути ги осигурила своите гради за 300 000 евра во 1999 година.

Денес Орнела Мути не снима филмови повеќе, но понекогаш игра на „даските кои живот значат“. Во оваа фаза од нејзиниот живот, таа често патува и ужива во тоа. Исто така, Мути е и полиглот. Освен родниот италијански јазик, актерката добро говори германски, шпански, француски и англиски јазик.

Орнела Мути во 2022 година / EPA-EFE/ETTORE FERRARI

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Агенцијата за банкарство на ФБиХ го презеде управувањето со Сбербанк

Следно

ВИДЕО: Наполи се враќа на врвот, Елмас асистираше во триумфот над Лацио

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian