Грција ќе испрати муниција, автоматски пушки и ракетни фрлачи за Украина како одговор на барањето упатено од украинската влада.
Воената помош е одлучена на состанокот меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и високи воени лица во земјата, соопшти денеска властите во Грција.
-Авион Ц-130 со воената опрема пристигнал во Полска, а уште еден предвидено е да пристигне подоцна, соопшти Министерството за одбрана, пренесува Еуроњуз.
Други два авиони кои носат хуманитарна помош како што се ќебиња и храна веќе полетаа од аеродромот од Атина кон Полска, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Грција.