ФОТО | „Подалеку од нас“: Верка Сердучка ѝ покажа среден прст на Русија

1 min read

Украинската пејачка и комичарка, Верка Сердучка повика да се поддржи украинската армија и силите за територијална одбрана.

„Подалеку, подалеку, подалеку! Стоиме и не го даваме нашето срце. Да ѝ помогнеме на армијата, да ѝ помогнеме на одбраната, да си помогнеме едни на други“, стои во описот на фотографијата на која Верка ѝ покажува среден прст на Русија.

Верка Сердучка доживеа голема популарност со песната „Dancing Lasha Tumbai“ во 2007 година, кога ја претставуваше Украина на Изборот за песна на Евровизија. Првично, песната на националниот избор во Украина била насловена „Russia Goodbye“, но Русија поднесе приговор до ЕБУ за да се смени текстот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дајте музика со најпосетениот музички концерт досега во Ист Гејт Мол

Следно

Петровиќ е новиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian