Ердоган пресече: Турција ќе го ограничи транзитот на руската морнарица низ Босфорот

2 mins read

Турција одлучи да ги почитува меѓународните договори кои ќе го ограничат транзитот на руски воени бродови преку Босфор, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Ситуацијата во Украина се претвори во војна. „Турција ќе ја почитува конвенцијата од Монтре“, рече Чавушоглу, цитиран од Ројтерс.

Турција вети дека ќе спроведе делови од меѓународниот пакт со кој ќе се ограничи транзитот на руски воени бродови од Средоземното Море до Црното Море.

Првиот човек на Украина Владимир Зеленски вчера најави дека Турција ќе го запре минувањето на руските воени бродови низ Црното Море. Но, Анкара набрзо објави дека оваа информација не е точна, односно дека допрва треба да се донесе одлука.

Зеленски денеска на Твитер му се заблагодари на „неговиот пријател Ердоган“ и на турскиот народ за силната поддршка, а потоа изјави дека „забраната за руските бродови да минуваат низ Црното Море е значајна воена и хуманитарна помош за Украина“. Зеленски го заврши твитот со зборовите дека „народот на Украина никогаш нема да го заборави тоа“.

Набрзо потоа се јави Русија и ги отфрли овие наводи. Новинската агенција Интерфакс објави соопштение од Кремљ во кое се наведува дека нема официјална изјава за забраната за пристап. Понатаму, се наведува дека твитот на Зеленски можеби бил барање до Турција да преземе нешто, а не потврда дека тоа се случило.

Потоа се огласи Турција, која го негираше Зеленски и изјави дека одлуката за забрана на премин на руски воени бродови допрва треба да се донесе.

Се чини дека турскиот претседател конечно пресече и ја одбра страната, што го потврди и денешната изјава на неговиот министер за надворешни работи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Снегот ги блокираше движењето на камионите преку превојот Стража

Следно

ФОТО | Јованов, Мекиќ и Гаџа на кафе: Дали треба да очекуваме нова музика?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian