Димитријевиќ: Верувам дека можеме да ја победиме Грузија

2 mins read

Ненад Димитријевиќ е повторно дел од македонската сениорска репрезентација. Не ги одигра првите три натпревари од овие квалификации за пласман на Светскиот Куп 2023 година, но сега е подготвен да помогне да дојдеме до првиот успех.

Денеска од 20.00 часот, во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје ривал ни е селекцијата на Грузија која пред три дена во Тбилиси славеше со 91:70.

Новиот играч на шпанскиот клуб Валенсија одработи неколку тренинзи, прво индивидуални, а потоа, по враќањето на тимот од Тбилиси, и „колективни“, па може да одговори на обврските кои ги носи еден ваков квалификациски натпревар. Нашиот организатор на играта очекува малку поразличне натпревар од оној пред неколку дена.

– Претходните два-три дена правев третмани, се чувствувам многу подобро и подготвен сум да ѝ помогнам на репрезентацијата на натпреварот со Грузија. Мислам дека ќе биде различен меч од оној во Тбилиси. Играме дома, еве и јас можам да помогнам и се надевам на тотално поинаков развој на настаните. Сите веруваме во подобар исход, а атмосферата во тимот е најважна во вакви ситуации – вели Димитријевиќ.

Добро ги познава квалитетите на водечките играчи на нашиот противник. Верува дека со добра игра во одбраната можеме да ги сопреме Мек Фејден и Шермадини.

– Познато е дека Мек Фејден и Шермадини, неколку години играат на сериозно високо ниво во шпанската лига. И јасно е дека тие се најсилна страна на грузиската репрезентација. Затоа и ќе се обидеме да ги запреме колку е тоа возможно. Верувам дека можеме – вели нашиот голем адут на овој меч, исто така доста важен во конечниот епилог на настаните во групата „Г“, кои стануваат покомплицирани, ако се знае дека вториот дуел од нашата група, Украина-Шпанија е одложен поради воената ситуација во земјата каде требаше вечерва да се игра тој натпревар.

Влезница за денешниот натпревар можете да купите онлајн на следниот линк ТУКА

Јончевски: Мора да ги запреме Мек Фејден и Шермандини

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Десет години живее со автоимуна болест: Три работи кои би сакала да ги знаев на почетокот

Следно

151 сообраќајни прекршоци во Скопје, 45 за брзо возење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian