Десет години живее со автоимуна болест: Три работи кои би сакала да ги знаев на почетокот

4 mins read

На авторката Даниел Вокер ѝ бил дијагностициран екстремен случај на автоимуното заболување улцерозен колитис кога имала само 22 години. По десетгодишна борба со оваа болест, таа конечно ги идентификувала промените во исхраната и начинот на живот со кои го подобрила своето здравје.

Но, не било толку едноставно како што звучи. Во текот на овие десет години, таа искусила бројни подобрувања на нејзиното здравје, но и не толку убави моменти. Сите свои искуства, добри и лоши, таа го споделила во својата книга „Food Saved Me“.

Секако, секоја автоимуна болест е различна и не секоја промена во исхраната одговара за сите.

„Луѓето составуваат делови од сложувалка за да сфатат што им одговара“, вели таа во подкаст за „mindbodygreen“.

Сепак, Даниел реши да сподели три универзални совети со сите луѓе кои живеат со автоимуна болест, работи кои таа би сакала да ги знае уште од самиот почеток.

1. Направете листа со храна која можете да ја јадете, а не со храна која не можете да ја јадете

Исхраната игра голема улога во животот на луѓето кои се соочуваат со автоимуна болест. Даниел станала свесна за тоа на потешкиот начин, па затоа денес во нејзиното дневно мени нема ниту глутен, ниту млечни производи, ниту мешунки. Но, таквата строга диета понекогаш ѝ создава фрустрација и стрес.

„Најдобро е да се фокусирате на онаа храна која можете да ја јадете“, вели таа.

На почетокот, таа се фокусирала на оние намирници кои не смее да ги јаде и гледала на храната како на нејзин непријател. Откако го променила фокусот на храната, таа почнала да размислува поинаку.

Направила листа на намирници што може да ги јаде и испаднало дека таа листа е, всушност, многу долга. Таа почнала да ги приготвува оние оброци кои ѝ биле драги во детството, но со оние намирници кои смее да ги јаде. Секако, вкусот не бил идентичен, но таквата идеја многу ѝ се допаѓала.

2. Правилната исхрана не е единственото решение

Како што знаат сите оние кои живеат со автоимуна болест, храната не е единствената која може да поттикне неконтролирани автоимуни реакции. Исто така, стресот, спиењето и социјалната средина играат важна улога.

„Сфатив дека ако не спијам доволно, ако сум под стрес или ако не се дружам со луѓе – сето тоа влијае на мојата болест“, објаснува таа.

Даниел вели дека за неа било многу важно да има квалитетен сон и да научи како да се справи со стресот со кој се соочувала секојдневно.

„Кога не спиев доволно, симптомите на болеста беа многу полоши во текот на денот“, вели таа.

3. Споделете ја вашата приказна и разговарајте со други луѓе кои се соочуваат со истата болест

Се разбира, можете да читате научни истражувања за тоа како да живеете со автоимуна болест – што да јадете, како да вежбате, со кого да разговарате итн. Медицината презема такви чекори за да им обезбеди на луѓето корисни информации.

„Меѓутоа, за некој кој страда од автоимуна болест или има хронична болест, овие работи може да бидат премногу за да се разберат и усвојат одеднаш“, вели Даниел.

Понекогаш, она што навистина помага е слушањето на луѓе од секојдневнието кои ги раскажуваат своите приказни и кои ги споделуваат нивните искуства со болеста.

„Тоа е невидлива болест. Често се случува да погледнете некого и во себе да си помислите дека е сосема добро, но всушност таа личност страда. Затоа, мислам дека само охрабрувањето на луѓето да ги споделат своите приказни е она што навистина недостасува“, смета Даниел.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Pray for Ukraine

Следно

Димитријевиќ: Верувам дека можеме да ја победиме Грузија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian