Дела, а не зборови: Славниот актерски пар со милионска донација за Украина

1 min read

Сопружниците Блејк Лајвли и Рајан Рејнолс решија да се придружат на донаторската акција на УНХЦР со која ќе му се помогне на украинскиот народ. Имено, како што соопштија на своите официјални страници на социјалните мрежи, за секоја направена донација на УНХЦР, тие ќе ја донираат истата сума пари, сѐ додека не стигнат до еден милион долари.

„За 48 часа, бројни Украинци беа приморани да ги напуштат нивните домови и да се засолнат во соседните земји. На нив им е потребна заштита, а ‘САД за УНХЦР’ ќе им ја овозможи. Кога ќе донирате, ние ќе ја донираме истата сума – сѐ до еден милион долари“, напиша Рајан Рејнолдс на социјалната мрежа Инстаграм.

На веб-страницата може да се донираат суми во висина од 60, 120, 240 и 1000 долари, но суми по свој избор.

„120 долари можат да заштитат осум семејства од временските неприлики“, се наведува на страницата.

Повеќе текстови на темата:

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се огласија: Ја поддржуваат Украина

ФОТО | Продуцентите од „Симпсонови“ објавија цртеж: „Важно е да се одбрани слободата“

ФОТО | Бескрајната сила на империјализмот: Актерката Мила Јововиќ се огласи за нападот на Украина

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косовската полиција уапси српски државјани, тврди дека купувале униформи и ознаки на ОВК

Следно

Меѓународната џудо федерација го суспендираше Путин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian