Брза пита без кори, одлична идеја за појадок или вечера

1 min read

Направете пита која нема да ви одземе многу време и ќе имате идеална закуска на трпезата. Едноставен рецепт за појадок, ужина или за вечера.

Состојки:

– 200 гр брашно
– 1 прашок за пециво
– 180 мл јогурт
– 100 мл маслиново масло
– 4 јајца

Потребно е уште на коцки:

– 100 гр кашкавал
– 150 гр фета сирење
– 150 гр шунка
– 4 кисели краставички
– 1 кисела пиперка
– Сол по вкус

Подготовка:

Се матат јајцата, се додава брашното со прашокот за пециво, маслото, јогуртот, сечканиот кашкавал, фета сирењето, шунката, краставиците, пиперките и сѐ се соединува.

Се пече во плех подмачкан со зејтин или обложен со хартија за печење на 200 степени 1 час. Пред крајот се покрива со фолија и се намалува на 180 степени.

Послужете ја топла со јогурт или со друг омилен пијалак.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русија остана сама, и Чесите не сакаат да играат во мундијалскиот бараж

Следно

Македонските кикбоксери со 21 медал на „Гранд при“ во Босна и Херцеговина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian