ВИДЕО: Влаховиќ е незапирлив, со два гола го реши Емполи

1 min read

Душан Влаховиќ уште еднаш покажа дека ќе биде фанстатично засилување за Јувентус, а вложените 75 милиони евра во зимскиот преоден рок „ги исплаќа“ со голови на речиси секој натпревар.

Во триумфот на Јувентус од 3:2 на гостувањето кај Емполи, Влаховиќ постигна два гола и е најзаслужен за победата на „старата дама“ која е четврта на табелата со 50 бода, само седум помалку од лидерот Милан.

Моизе Кин му донесе предност на Јувентус во 32 минута, но само осум минути подоцна Журковски израмни на 1:1.

Потоа на сцена стапи Влаховиќ кој постигна два гола по ред. Прво во последните моменти од првиот дел повторно му донесе предноста на Јувентус од 1:2, а во 66 минута зголеми на 1:3. Емполи до крајотна натпреварот успеа само да го намали резултатот преку Ла Мантиа во 76 минута.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Искрено со Ева Нединковска, храбра мајка: Трчањето е како метафора за животот, еден живот еден маратон 

Следно

Се бара помош за македонски семејства заглавени во Украина: Последната надеж ни беше амбасадата, но таа е затворена

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian