ВИДЕО: Бостон на крилјата на Тејтум и Браун подобар од Детроит

1 min read

Кошаркарите на Бостон селтикс со 113:104 го совладаа Детроит и тоа благодарение на одличната игра во последната четвртина.
По три четвртини кои поминаа во израмнета игра и во кои двете екипи се менуваа во водство, победникот беше одличен во последната четвртина која Бостон ја доби со 35:22 и го реши прашањето околу победникот.

Предводници на Бостон во победата беа Џејлен Браун и Џејсон Тејтум кои заедно дадоа 53 поени. Тејтум даде 26 поени и имаше 11 скокови, додека Браун постигна еден поен повеќе.
Кај Детроит се истакна дебитантот Кејд Канингем со 25 постигнати поени.

Бостон е шести во Источната конференција со скор 36-26, додека Детроит е претпоследен со 14 победи и дури 46 порази.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Продуцентите од „Симпсонови“ објавија цртеж: „Важно е да се одбрани слободата“

Следно

МНР: Обезбеден е транспорт за евакуација на нашите државјани од Одеса

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian