Вардарци ја растурија Струга и го обезбедија првото место во плеј-офот

1 min read

Ракометарите на Вардар продолжуваат со сè подобрите игри откако на клупата седна Давид Дејвис и денеска славеа убедлив триумф над Струга и го обезбедија првото место на стартот од плеј-офот во домашниот шампионат.

По триумфиот над ППД Загреб во Лигата на шампионите со кој драстично ги зголемија шансите за пласман во нокау-фазата, „црвено-црните“ денеска со убедливи 35:22 ја совладаа Струга.

Вардарци дилемите ги решија уште во првото полувреме кое го добија со 20:8 по што вториот дел рутински го одработија и на крајот славеа со 13 гола разлика.

Тимур Дибиров со седум гола беше најефикасен кај Вардар, додека кај Струга се истакна Жарко Барјактареви, исто така со седум гола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Канје Вест има нова девојка: 20 години помладата двојничка на Ким Кардашијан

Следно

Украинците во Грција одржаа мирен протест пред руската Амбасада во Атина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian