Поранешниот тренер на Вардар и на Академија Пандев, Александар Васовски, со победа над Леотар од 0:2 во Премиер лигата на БиХ дебитираше на клупата на Сараево на официјален натпревар.
Васоски на клупата на Сараево седна зимово и по одработените подготовки, оствари лесен триумф над Леотар во првото коло од пролетниот дел во шампионот на БиХ.
Тимот на Васоски поведе уште во првата минута и тоа преку Суљиќ, а во 12 минута Багариќ го постави конечниот резултат.
Сараево сега има 31 бод и се наоѓа на четвртото местона табелата со само два бода помалку од третопласираниот Борец, додека недостижен на врвот е Зрињски. Леотар е претпоследен со 16 освоени бода.