Јунајтед повторно разочара, Кристијан Ериксен е херој на денот – му се врати на фудбалот по 259 дена

1 min read

Фудбалерите на Манчестер јунајтед повторно ги разочараа своите навивачи, на „Олд трафорд“ одиграа без голови против Вотфорд во рамки на 27 коло од Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ доминираа на натпреварот, имаат 67 отсто посед на топката, имаа 22 шута кон голот на гостите, изведоа повеќе корнери (4:3), но не успеаја да најдат начин да го совладаат Фостер. Со новиот кикс, Манчестер јунајтед си ја закомпликува позицијата на табелата и пласманот во Лигата на шамионите.

Јунајтед остана на четвртото место на табелата со 47 бода, но петтиот Арсенал има 45 бода и дури три натпревари помалку, а „ѓаволите“ може да бидат поминати и од  Тотенхем кој има пет бода помалку од нив и два натпревари помалку.

Апсолутен херој на денот во Премиер лигата е Кристијан Ериксен кој по 259 дена и шокантните сцени од Европското првенство кога лекарите во последен момент му го спасија животот, настапи на официјален натпревар.

Ериксен кој во минатиот месец потпиша за Брентфорд, во 52. минута влезе во игра во натпреварот, на неговиот тим против Њукасл. Сепак, впечатокот го расипа Њукасл кој славеше со 0:2 со головите на Жоелинтон и Вилок во 33. односно 44. минута.

Кристал Палас и Барнли ги подели бодовите играјќи 1:1.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се огласија: Ја поддржуваат Украина

Следно

Нови 473 случаи на ковид и 13 починати лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian