Управата на Манчестер јунајтед одлучи замената за Кристијано Роналдо доколку си замине од „Олд трафорд“, да биде Дарвин Нуњез од Бенфика.
Англиските медиуми шпекулираат дека Роналдо ќе си замине од Јунајтед доколку екипата не обезбеди пласман во Лигата на шампионите идната сезона. Згора на тоа, Португалецот е незадоволен од ситуацијата во клубот каде односите се лоши, а и екипата не може да се бори за трофеите.
Иако управата на Јунајтед ќе направи сè за да го задржи Роналдо, веќе има подготвено замена и таа би требала да пристигне од Бенфика, Дарвин Нуњез кој со игрите сезонава го привлече вниманието на фудбалските гиганти.
Нуњез во Бенфика пристигна пред две години од Алмерија, а сезонава веќе постигна 18 гола во португалскиот шампионат.
Неговата вредност се проценува на 50 милиони евра, но португалските медиуми тврдат дека Бенфика ќе бара 20 милиони евра повеќе.