Украинците во Грција одржаа мирен протест пред руската Амбасада во Атина

2 mins read

Со украински знамиња, со слогани против војна и против Путин, Украинци кои живеат во Грција денеска одржаа мирен, антивоен протест пред Амбасадата на Русија во Атина.

„Ние не сме нацисти, запрете ја војната”; „Путин, тргни ги рацете од Украина”; „Путин, убиец”; „Руски терористи, одете си од Украина”, беа дел од слоганите испишани на паноата, а во разговор со дописничката на МИА од Атина, дел од Украинците раскажаа дека нивни роднини се во Украина, се наоѓаат во постојан контакт со нив и од нив дознаваат што се случува во нивните родни места, а сите се согласни дека никој не може да поверува дека во 2022 година се случува војна.

Младата Владислава, по потекло е од градот Запорожје во јужна Украина што се наоѓа блиску до Мариупол, на протестот беше со плакат во форма на срце со боите на украинското знаме и порака дека потребна е помош од светот.

Видно вознемирена и загрижена, за МИА вели дека војската веќе е на влезот на градот.

-Таму е баба ми, која е многу стара. Нема ни маж, ни друго семејство, сама е. Не знае како ќе избега и каде ќе оди. Само што ќе ги слушнат сирените, веднаш се кријат во засолништа. Вчера зборував со неа до 8.30 и потоа се прекина линијата. Денеска кога зборувавме ми рече дека се во скривница, вели Владислава и потенцира дека е потребна голема внимателност со лажните вести и начинот на кој се информираат граѓаните.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вардарци ја растурија Струга и го обезбедија првото место во плеј-офот

Следно

Холандски палачинки со јаболка, интересен рецепт за појадок или вечера

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian