Тренерот на молдавскиот Шериф да се врати во Украина: Таму ми се сопругата и децата

2 mins read

Екипата на Шериф Тираспол во четвртокот го заврши настапот во европските купови откако загуби во осминафиналето во Лигата на Европа, а нејзиниот тренер Јуриј Вернидуб сака да се врати во Украина  каде му се наоѓа семејството.

Шериф беше елиминиран од Брага и тоа по подобро изведување на пенали, откако молдавскиот тим во првиот натпревар победи со 2:0, а во реваншот загуби со идентичен резултат. Но, настапот во Европа е успешен за Шериф бидејќи во првиот дел од сезоната дебитираше во Лигата на шампионите и притоа успеа да го победи и Реал Мадрид.

И покрај одличните настапи во европските купови, тренерот на екипата, Јуриј Вернидуб сака да се врати во татковината која е под инвазија на руските воени сили. Сопругата и децата на Вернидуб се наоѓаат во Украина и поради тоа сака да се врати во татковината. Тој по поразот од Брага имапе емотивен настап на пред новинарите.

– Роден сум во Украина, живеам во Украина и сакам да му дадам поддршка на мојот народ кој беше нападнат од Русија. Горд сум на луѓето кои ја бранат земјата – порача Вернидуб кој откри дека семејството моментно му се наоѓа во Украина.

– Имам сопруга, две деца, две внучиња, браќа и сестри… Сакам да бидат живи и здрави и да не бидат инволвирани во војната. Кога ќе пристигнам во Молдавија, ќе побарам ми дозволат да вратам во Украина, за да го видам семејството. Тешко е да со зборува во оваа ситуација, но фала му на Бог што се живи и здрави – порача тренерот на Шериф Тираспол.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украинката која се откажа од Евровизија, снимала филм во Македонија: Интервју со режисерите Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов

Следно

Нашите дипломати од Украина се евакуирани преку безбедносен коридор, соопшти Османи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian