Се бара помош за македонски семејства заглавени во Украина: Последната надеж ни беше амбасадата, но таа е затворена

1 min read

Македонски семејства се заглавени во военото жариште во Киев, Украина, и итно бараат помош за евакуација, пишува „Фокус“.

Сашо Андонов со семејството, односно со сопругата и две деца подолг период живееле во Киев. Моментално се во во ходникот на зградата, бидејќи немале скривница.

-Страшно е ова, заглавени сме во Киев. Пред да почне сето ова имавме контакт со амбасадата, тие не запишаа за евакуација, ние и без тоа немаме транспорт и последната надеж ни беше во амбасадата. Но, оставени сме сами на себе! Со свои сили се мачиме некако да најдеме начин да се префрлиме до границата на Полска или Унгарија, но се е полошо и полошо. Има повеќе семејства во Киев и сите се надеваме на помош од нашата држава за наоѓање на транспорт до безбедно место – вели Андонов за Фокус.

Во ходникот на зградата каде моментално се засолнети не смеат да пуштаат светло и седат во темница.

-Се обидувам да стапам во контакт и со другите македонски семејства на кои им е потребна помош. За храна деновиве се снаоѓаме како знаеме, но апелираме нашата држава да ни помогне со евакуација, изјави Андонов.

Бројот на неговиот мобилен телефон е +380 508672648. Се апелира до сите надлежни служби во земјава да му излезат во пресрет.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Влаховиќ е незапирлив, со два гола го реши Емполи

Следно

ВИДЕО | Предлог воени филмови: Нешто за плачење, нешто за надеж

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian