ФОТО | Канје Вест има нова девојка: 20 години помладата двојничка на Ким Кардашијан

1 min read

Канје Вест(44) има нова девојка која морничаво наликува на Ким Кардашијан. Раперот беше фотографиран до Чејни Џонс(24) по ноќно излегување.

Чејни Џонс е „плукната“ на Ким во нејзиниот изглед и стил. Инфлуенсерката носеше црн комбинезон со длабоко деколте и големи очила додека го напушташе клубот „ZZ“ во 3:30 часот со Канје. Двајцата се насмеани и комотни еден покрај друг.

Од комбинезонот до очилата и залижаното репче Чејни лесно можеше да се помеша со поранешната партнерка на Канје. Додека Канје беше стилизиран во кожна јакна, црна маичка, фармерки и очила.

Двојничката на Ким му се придружи на раперот на голем број настани по неговото разделување со поранешната девојка Џулија Фокс. Актерката се раздели од него, поради неговите упорни молби да се спои со отуѓената сопруга Ким.

Стариот живот спакуван во кутии: Џулија Фокс раскажа како Канје Вест целосно ѝ ја трансформирал гардеробата, само пар недели откако излегуваат

Во подкастот „Call Her Daddy“ Џулија еднаш рече дека Канје ѝ го наполнил плакарот со алишта. Според неа, раперот сакал таа да биде „најдобрата верзија“ од себе, што очигледно значи да личи на Ким. Па, може да претпоставиме дека Чејни Џонс ја очекува истата судбина.

ВИДЕО+ФОТО | Никој како Канје Вест: Раперот се запали на сцена и се сретна со Ким во венчаница

www.slobodenpecat.mk

Претходно

При поставувањето на урбаната опрема во Градски парк да се води сметка за загадувањето

Следно

Вардарци ја растурија Струга и го обезбедија првото место во плеј-офот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian