Димитров: Како ќе зборуваме за бугарско малцинство, ако Бугарија не го признава македонското мнозинство?

1 min read

Глумењето дека Софија не го оспорува македонскиот јазик не помага, така оспорувањето останува. Тоа што ќе помогне е реално напуштање на оваа антиевропска, антицивилизациска и за жал, непријателска позиција. Софија не само што тоа го прави како држава, туку сака нејзиниот став да стане став на целата ЕУ. Ценам дека еден од условите за разговор на тема измена на Уставот, е не само да се повлечат од барањето целата ЕУ да го прифати бугарскиот став, туку и Бугарија да не ни го оспорува македонскиот јазик. Како ќе зборуваме за бугарско малцинство, ако Бугарија не го признава македонското мнозинство?, прашува поранешниот министер за надворешни работи и вицепремиер, Никола Димитров, кој учествува на на Форум во Будимпешта.

„Ако зборуваме за европски интеграции, за ЕУ како заедница на вредности, а не за некој ексклузивен голф клуб, условите за членство не може да значат идентитетски предизвик за ниту еден народ, да бидат антиевропски. Бидејќи во Европа, јазичната и културната различност е вредност. Бидејќи во Европа, изразувањето на етничката припадност е неприкосновено право на сите народи“, истакна тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ПМФЛ: Продолжува победничката серија на „лавовите“

Следно

Директорката на московскиот државен театар поднесе оставка: „Не можам да работам за убиец“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian